За Секретаријатот  /  Државен Секретар  /  Фатон Ахмети

Фатон Ахмети

 

Фатон Ахмети е роден на 17 јануари 1987 во Тетово. Во 2009 ги завршил додипломските студии на Факултетот за Медицински Науки – смер Фармација при Државниот Универзитет во Тетово. Во 2014 година ги завршил постдипломските студии на Факултетот за Бизнис и Економија – смер Менаџмент при Југоисточниот Универзитет во Тетово.

Од 2009 год. до 2012 извршувал разни професионални и менаџерски задачи во склоп на проекот Интегриран Здравствен Информационен Систем. Од 2010 до 2012 год. бил пројект менаџер на проектот за оддржување на ниска инциденција на ХИВ/СИДА. Во временскиот период 2012 до 2017 год бил Советник за Здравствени Информацини Системи, додека во временскиот период од 2015 до 2017 бил Советник на Генералниот директор на Македонска Пошта.

Со формирањето на новата влада во Македонија избран е за Специјален Советник на Заменик Претседателот на Владата задолжен за Охридскиот Договор и Политичкиот систем, додека од 1 август 2017 е Државен Секретар во Секретаријатот за Спроведување на Рамковниот Договор.

Член е на Деморкатска Унија за Интеграција (ДУИ), додека од 2014 год. е Член на Претседателствто на Огранокот и Секретар на Огранокот на ДУИ во Тетово.

 

Зборува Албански (мајчин јазик), Македонски и Англиски јазик, и има напредни вештини во користењето на информатичката технологија.

 

Reads:3796  пати