Информации  /  Новости  /  Средба Лика - Жбогар: Целосното спроведување на Охридскиот договор и натамошното унапредување, приоритети на новата влада

Средба Лика - Жбогар: Целосното спроведување на Охридскиот договор и натамошното унапредување, приоритети на новата влада

 

11 Jul 2017

13:17

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, г-дин. Самуел Жбогар.

На овој прв состанок г-дин. Лика и г-дин. Жбогар се фокуцираа на имплементацијата и натамошното унапредување на Охридскиот договор.

Соговорниците оценија дека прашањето на законот за јазици е процес во тек, чие одобрување е гаранција за имплементација и унапредување на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор.

Вицепремиерот Лика истакна дека проблемот со систематизацијата на државната администрација бара итна интервенција за да се постигне правична институционална застапеност и напредни административни услуги, цел што тој тврди дека ќе се постигне преку заедничкиот стратешки план со коалициските партнери.
 
Г-дин Лика и г-дин Жбогар, заклучија дека треба да се надминат разликите меѓу заедниците и на тој начин да се создаде силна клима на соработка без етнички, културни и верски разлики.
 
 

 

07.11.2017 , 13:17 Reads:426  пати