Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика се сретна со високиот комесар на ОБСЕ, г-дин. Ламберто Заниер

Вицепремиерот Лика се сретна со високиот комесар на ОБСЕ, г-дин. Ламберто Заниер

 

3 Oct 2017

16:11

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување

на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денеска (03.10.2017)
оствари средба со Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, г-дин. Ламберто
Заниер.
На овој состанок, високиот комесар на ОБСЕ, Ламберто Заниер и вицепремиерот Лика
првично се дискутираа за актуелните прашања во земјата, за локалните избори во
земјата, истакнувајќи почитувањето на личните преференции е позитивна индикација
која ќе ја води земјата кон развој.
Во однос на аспирациите на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, г-
дин. Лика нагласи дека заштитата на правата на помалите заедници и развојот на
мултиетничко општество, се клучни елементи за постигнување на повисок степен на
интеграција.
"Процесот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор во последните 10
години сретнал до тешкотии , меѓутоа во последно време се преземаат чекори кон
затворање на нормите на Охридскиот договор. Со ова нема да запре духот на Охридскиот
рамковен договор во однос на правата на заедниците, кој е извор на еднаквост во оваа
земја, бидејќи правата не почнуваат и не завршуваат со Охридскиот договор, тие растат
паралелно со развојот на државата. Принципот на рамнотежа во сите сфери на
социјалната кохезија е исто така важен фактор за постигнување на критериумите на
развиените земји ", додаде тој.
Паралелно, г-дин. Заниер ја потенцираше важноста на интегрирано општество која ќе
биде создадена само со соживот и соработка меѓу сите заедници кои живеат во
Република Македонија.
За крај, комесарот Заниер изрази подготвеност за несебична поддршка за зајакнување на
одбраната на правата на малцинствата и поддршка на процесите со кои ќе се обезбеди
стабилност во земјата.

 

 
 
 

 

10.03.2017 , 16:11 Reads:768  пати