За Секретаријатот  /  Мисија и визија  /  Мисија и визија на Секретаријатот

Мисија и визија на Секретаријатот

 

МИСИЈА:

Мисијата на Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија е да учествува активно во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, да ги следи постигнатите резултати во сферата на: соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија; мониторинг на процесот на децентрализацијата; Координација и мониторинг на процесот на образованието во Република Македонија; Следење на употребата на јазиците согласно законот за употреба на јазиците, соработка со здруженија и фондации во Република Македонија, како и да обезбеди административна и стручна поддршка за Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор. Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор исто така има задача да обезбеди подршка на Владата во реализирање на нејзините програмски определби, особено во областа на спроведување на Охридскиот рамковен договор.

 

ВИЗИЈА:

Ефективно и целосно спроведување на Рамковниот договор како и гарантирање на стабилноста на земјата преку промовирање на мирен и хармоничен развој на општеството, почитувајќи ги етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани на Република Македонија. Спроведувањето на Рамковниот договор е исто така од големо значење за продолжување, унапредување и успешно завршување на процесот на интеграција на Република Македонија во евроатлантските структури.

 

Reads:1371  пати