Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска

Вицепремиерот Лика оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска

 

21 Jul 2017

12:57

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за

спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика,
денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република
Македонија, г-ѓа. Даниела Баришиќ.
Вицепремиерот Лика и амбасадорката Баришиќ, разменија мислења за надлежностите и
чекорите кои ги превзема Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен
договор за да се гарантира успешна иднина и да се врати изгубениот интегритет на
државните институции.
 
Меѓу другото, соговорниците ги открија своите ставови во врска со законот за употреба на
јазиците и на реформите кои треба да се преземат за да се обезбеди донесување и
спроведување што е можно поскоро. Овој закон има за цел да ги трансформира и
надмине негативните тенденции за меѓуетничка промоција и да ги информира граѓаните
на Република Македонија за придобивките што ги има учењето на албански јазик, рече г-
дин. Лика
За крај, амбасадорката Баришиќ истакна дека хрватската влада ќе продолжи да ги
поддржува односите меѓу двете држави, кои се создадени преку блиски односи на
граѓаните на двете земји и миграцијата. Таа, исто така, истакна дека нивната поддршка
нема да недостига ниту во областа на зближување на државата во евроатланските
структури и реализација на мултилатералните планови.
 
 

 

21.07.2017 , 12:57 Reads:1008  пати