Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика оствари средба со францускиот амбасадор, г. Christian Thimonier

Вицепремиерот Лика оствари средба со францускиот амбасадор, г. Christian Thimonier

 

27 Jun 2017

15:03
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во нашата земја, г. Christian Thimonier.
 
Промените во Владата на Република Македонија и перспективата на Рамковниот договор со актуелната влада, беа меѓу главните теми на оваа прва средба на амбасадорот Thimonier и вицепремиерот Лика. Со оглед на досегашната динамиката на спроведувањето на Охридскиот договор, соговорниците истакна дека спроведувањето на овој договор наиде на тешкотии и прекумерното закаснување создаде пречки во соодветна изградба на односи меѓу заедниците, па и тие се согласија дека треба да има по конкретен пристап во целосната имплементација на овој документ.
 
Заменик претседателот на Владата, г. Лика земајќи ја во предвид анализата на Охридскиот рамковен договор за социјална кохезија, истакна дека има напредок во неколку столбови како децентрализацијата и правичната застапеност. Сепак, според него, употребата на јазиците останува отворен случај и според договорт за коалиција мора да биде одобрен закон врз основа на приоритетите и реформите очекувани од оваа влада.
 
Во меѓувреме, амбасадорот г-дин Thimonier му честиташе на г-дин. Лика на неговиот избор на функцијата заменик-претседател и изрази подготвеност за целосна поддршка за имплементација на Охридскиот рамковен договор и интеграцијата на земјата во евро- атлантските структури. Францускиот амбасадор рече дека Охридскиот договор е основа на создавање на едно правично општество и имплементацијата на овој документ е многу важно во интеграцијата на земјата кон европското семејство. Говорејќи за многу актуелни прашања, меѓу другото, амбасадорот потенцираше дека новата влада треба да се занимава со прашањето за правична застапеност, со што државата ќе имаат појасна слика за поведување на чекори за да се балансира застапеноста на етничките заедници и понатамошниот развој на мултиетничко општество.
 
 

 

27.06.2017 , 15:03 Reads:698  пати