Информации  /  Новости  /  Средба Лика - Гарет: Да ја вратиме довербата на граѓаните во државните институции

Средба Лика - Гарет: Да ја вратиме довербата на граѓаните во државните институции

 

29 Jun 2017

13:13

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денеска оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во нашата земја, Чарлс Гарет.

 
На овој прв состанок беа разгледани многу важни прашања, меѓу кои се дискутираше и за целокупната перспектива на Македонија за интеграција (НАТО и ЕУ), за меѓусебните односи на Македонија со земјите од регионот и нивните заеднички перспективи.
Соговорниците високо ја пофалија позитивната клима на владата во хармонизирањето и изготвувањето на заеднички стратегии и платформи, како и прилагодувањето на британските искуства за патот на Македонија кон напредок. Беше оценета потребата да се
создадат подобри животни услови за граѓаните и да се преземат мерки за закрепнување и зајакнување на приватниот сектор.
 
Вицепремиерот Лика и амбасадорот Гарет заклучија дека е од јавен интерес спроведување на Законот за јазици, бидејќи ќе има позитивно влијание врз приближувањето на граѓаните кон државните институции. Во меѓувреме, соговорниците разговараа и за технички прашања во врска со спроведувањето на Охридскиот договор.
 
На крај, вицепремиерот Лика и амбасадорот Гарет утврдија дека унапредувањето на спроведувањето на столбовите за социјална кохезија помеѓу заедниците ќе биде во корист на интеграцијата на земјата во економската сфера преку постигнување на повисок животен стандард и ќе создаде повеќе можности за членството во ЕУ и во НАТО.
 
Со почит,
Сектор за односи со јавноста
 

 

29.06.2017 , 13:13 Reads:516  пати