Информации  /  Новости  /  Државниот секретар, г. Фатон Ахмети оствари средба со делегацијата на Мисијата на ОБСЕ

Државниот секретар, г. Фатон Ахмети оствари средба со делегацијата на Мисијата на ОБСЕ

 

20 Oct 2017

15:43

 Државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, г-дин Фатон Ахмети денеска (20.10.2017 година) се состана со делегацијата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на која присуствуваше г-дин. Гонзало де Чесаре, раководител на одделот за човечки ресурси, г-дин. Јоанис Пилиурис, виш директор за демократско владеење и г-ѓа. Сара Барибери, виш функционер за демократско владеење и социјална кохезија.

 
На состанокот се дискутираше за поддршката за имплементација на Препораките вклучени во прегледот на ОРД за социјална кохезија и идентификување на приоритетните области кои треба да се разгледаат заедно.
 
Меѓу другото, се потенцираа приоритетите на соработката меѓу двете институции вклучувајќи го тука и фокусот на Мисијата на ОБСЕ во зајакнување на капацитетите на вработените на ССРД за подобрување на процесот на регрутација и селекција врз основа на заслуги и прилагодени интервенции за градење на капацитети насочени кон подобрување на развојот на политиката, проценка на капацитетот за стратешко планирање и управување со проекти.
 
 

 

20.10.2017 , 15:43 Reads:1088  пати