Информации  /  Новости  /  Охридскиот рамковен договор е основа за мир, стабилност и просперитет во земјата и регионот

Охридскиот рамковен договор е основа за мир, стабилност и просперитет во земјата и регионот

 

15 Aug 2017

13:30

Вицепремиерот Лика на 16 годишнината од потпишувањето на Охридксиот рамковен договор: “ Охридскиот рамковен договор е основа за мир, стабилност и просперитет во земјата и регионот“

 Под покровителство на Заменик претседателот на Владата на РМ, г-дин. Хазби Лика и Претседателот на Собранието на РМ, г-дин, Таљат Џафери се одбележа 16 годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање до присутните вицепрепиерот г-дин. Лика рече дека Охридскиот договор е основа за мир, стабилност и просперитет во Македонија и регионот.

“Иако самиот акт на потпишување на договорот и неговото стапување во сила станувајќи дел од уставот имаше поддршка од политичките структури, истиот не беше потполно применет во пракса; сепак, неговиот дух служеше като катализатор и во одредена мера ги чуваше надежите на граѓаните за да не се отстапи од евро-атлантските стремежи. Во општествените и државни структури секогаш постоеле гласови за и против одредено прашање, но во демократијата главен принцип е поинаквото мнение, додека пак државата треба да воспостави приоритети. Верувам дека кога се склучуваат договори во име на граѓаните, истите треба да им служат ним а не да служат како скалило за следните избори.

Македонија се соочила со многу предизвици во нејзиниот пат кон интеграците; веќе некое време државата тропа на вратите на НАТО и ЕУ, меѓутоа разните внатрешни проблеми како и нерешените прашања со соседите претсавувале препрека во оваа насока; како и да е, сегашната влада ги направи првите чекори кон подобрување на односите со соседните држави, како што беше и договорот склучен неодамна со Бугарија “, рече вицепремиерот Лика.

“ Донесувањето на Законот за јазици е доказ за реализација на реформи и натамошна демократизација на институциите“

“Денес, после сето тоа преку кое поминавме заедно, можеме да кажеме дека Охридскиот договор се гледа и перцептира и во нови димензии, не поради тоа што тој самиот подлегнал на измени, туку поради фактот што на последните избори, граѓаните ни дадоа до знаење дека ние треба да се свртиме кон нив. Денес постои пообјективен приод кон овие прашања и коалициските партнери, освен обврските кои ги имаат, треба да се докажат и со конкретни дела кои како такви ги ветуваа на почетокот на нивниот мандат, пренесувајќи сигнали дека Македонија им припаѓа на нејзините граѓани.

Не треба да заборавиме дека овој процес е од суштинско значење за заедничката иднина и дека Охридскиот Договор игра голема улога во демократизацијата и интеграцијата на државата. Сегашната влада со својата програма во однос на внатрешната и надворешната политика, несомнено покажува дека ние се стремиме кон евро-атлантските вредности и поради тоа можам да кажам дека нашата држава веќе ги направила првите чекори со кои сме поблиску од секогаш до нашата крајна цел,“ се изрази г-дин. Лика.

 

Промовација на книгата на проф. Милаим Фетаху со наслов “ Охридскиот Договор“

Во рамките на овој настан организиран по повод 16 годишнина на Охридкиот рамковен договор, беше промовирана и книгата на на проф. Милаим Фетаху со наслов “ Охридскиот Договор“.

“Драго ми е што Охридскиот Договор, освен што даде огромен придонес во организацијата на државниот поредок на Македонија, станал и објект на студии и анализи за разни научници. По анализата за општествената кохезија направена од страна на Институтот за Мир во соработка со ОБСЕ, денес и Проф. Милаим Фетаи ни се претставува со неговата монографија која ги опфаќа сите дискусии до денес во врска со Охридскиот Договор, така што му честитам за неговиот труд и му посакувам понатамошни успеси во неговата работа,” рече вицепремиерот Лика.

 

15.08.2017 , 13:30 Reads:1387  пати