Информации  /  Новости  /  Средба Лика – Коблер: „Спроведување на Охридскиот договор е обврска на државата„

Средба Лика – Коблер: „Спроведување на Охридскиот договор е обврска на државата„

 

29 Jun 2017

17:26

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, оствари средба со австриската амбасадорка во нашата земја г-ѓа.  Renate Kobler.

Новата владејачка структура и приоритетите на оваа влада, беа во фокусот на овој прв разговор помеѓу вицепремиерот Лика и амбасадорката Kobler.

Почитувањето на нормите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор треба да биде приоритет и на македонските политички партии, бидејќи непочитување на овој документ резултира на директно не спроведување на Уставот на Република Македонија, истакна на средбата вицепремиерот Лика. Позитивна волја на коалицијата, додаде тој, треба да се користи максимално за реализација на прашањето за употребата на албанскиот јазик, кој што е наш приоритет.  „Усвојувањето и спроведувањето на законот за јазиците ќе биде во корист на сите граѓани на Македонија„, рече Лика.

Во меѓувреме, г-ѓа. Kobler рече дека Австрија ќе продолжи да ја подржува Република Македонија во спроведување на реформите кои се потребни за интеграција на земјата во евроатланските структури.

Австрискиот амбасадор рече дека постојано работат во областа на  привлекување австриски инвестиции во Македонија, со цел да се постигне стабилно економско закрепнување.

 

 

29.06.2017 , 17:26 Reads:506  пати