Информации  /  Новости  /  Лика-Тејада: Столбовите на Охридскиот договор - гаранција за просперитет и стабилност во земјата

Лика-Тејада: Столбовите на Охридскиот договор - гаранција за просперитет и стабилност во земјата

 

20 Jul 2017

13:09

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Sybille Suter Tejada.

На овој прв состанок, вицепремиерот Лика и амбасадорката Тејада разменија ставови во врска со пречките со кои се сретнал Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор при спроведувањето на овој договор. Столбовите на овој документ, кои вклучуваат правична застапеност, унапредување на употребата на јазиците и децентрализација, не требаа да бидат причина за стимулација на меѓуетнички конфликти создадени во минатото, Лика.
 
Соговорниците за време на состанокот исто така посветија посебно внимание на проблемот со недостатокот на механизми за обврзување на државните институции да преземат мерки за постигнување правична институционална застапеност.
 
Бидејќи се уверени во натамошната соработка меѓу двете земји, со оглед на тесните пријателски врски што се создадени преку дијаспората што живее во Швајцарија, вицепремиерот Лика и амбасадорката г-ѓа. Тејада изразија подготвеност да разменат искуства меѓу државите за изградба на мултиетничко и еднакво општество пред законот. Да ја надминејме статусот земја во развој и да се движиме меѓу развиените земји, рече г-дин. Лика.
 
 

 

20.07.2017 , 13:09 Reads:544  пати