За нас  /  Надлежности  /  Надлежностите на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор

Надлежностите на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор

 

Охридскиот Рамковен договор потпишан на 13 Август 2001, стави крај на меѓуетничкиот конфликт во Република Македонија. Во линија на овој услов со Охридскиот Рамковен договор се усвоени голем број на Уставни амандмани.

Овие амандмани опфаќаат:гарнтирањето на статусот на јазикот што го зборуваатат најмалку 20% од населението; правичната застапеност на етничките заедници во јавните институции; статусот на религиозните заедници; изразувањето, заштитата и развитокот на идентитетот на етничките заедници; посебните парламентарни процедури за прашања од посебна важност за етничките заедници; децентрализацијата на власта. Во наредните години широка правна легислативе е усвоена. Со Уставните амандмани и поврзаните правни измени принципите на Охридскиот рамковен договор станаа дел на Македонскиот правен систем.


Основањето на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот Рамковен договор го подвлекува приоритетот на Македонската Влада што му го дава на спроведувањето на оригиналните принципи што се поставени во овој Договор, што се, во меѓувреме обезбедени со Уставот и другите закони.

Овие принципи, примарно правичната застапеност на етничките заедници во јавниот сектор, и децентрализацијата, се од голема важност за стабилноста во земјата, за социјална кохезија, изградба и заштита на една интегрирана мултиетничко општество.

Во процесот на спроведување на овие принципи и заложби Секретаријатот има стратешко координативно и мониторна функција. Како и да е Секретаријатот не е автономна и изолирана организација, што служи само во интерес на посебни групи или заедници. Тој е дел од машинеријата на Македонската Влада што им служи на сите граѓани во јавен интерес.

Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија работи особено на:

  1. Обезбедување на координација на органите на државната управа за спроведувањето на рамковниот договор;
  2. Подготвување на методологија за донесување на акциони планови во областа на спроведувањето на рамковниот договор;
  3. Обезбедување на човечки ресурси потребни за реализирање на спроведувањето на рамковниот договор;
  4. Обезбедување и реализација на средства потребни за успешно одвивање на реализацијата на обврските кои произлегуваат од рамковниот договор;
  5. Изготвува извештаи за информирање на Владата за нивото на спроведувањето на рамковниот договор;
  6. Подготвува стручно-аналитички материјали од областа на спроведувањето на рамковниот договор;
  7. Го обезбедува и координира изработувањето на акционен план за подготовка на проекти од рамковниот договор;
  8. Обезбедување редовно и навремено информирање на јавноста за процесот на спроведување на рамковниот договор;
  9. Мониторинг на процесот на децентрализација;
  10. Обезбедување на соработка со надворешни тела и донатори за остварување на процесот за спроведување на рамковниот договор;
  11. Јакнење на соработката со невладините и меѓународни организации и други правни лица;
  12. Следење на реформите во јавната администрација во Република Македонија и во другите области кои посредно или непосредно се поврзани со спроведувањето на рамковниот договор;
  13. Анализа, следење и кординација на донесените закони и законите кои ќе се донесат а се во непосредна врска со рамковниот договор;
  14. Следење и подобрување на соодветната и правичната застапеност.

 

Reads:2512  пати