Информации  /  Новости  /  Државниот секретар, г. Фатон Ахмети се сретна со заменик- амбасадорот на Велика Британија

Државниот секретар, г. Фатон Ахмети се сретна со заменик- амбасадорот на Велика Британија

 

17 Oct 2017

15:49

 Државен секретар на Секретаријатот за спроведување на Рамковен договор, г. Фатон Ахмети денеска се сретна со заменик-амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, г. Пол Едвардс. На состанокот присуствуваше и г-ѓа Валмира Истефи, вработена во ССРД која е и Chevening алумни.

 
На овој состанок се дискутираше за стипендијата Chevening, која е глобална програма за стипендии на британската влада, која им нуди на идните лидери посебни можности да студираат во Велика Британија. Овие стипендии им се овозможени на новите држави од повеќе од 160 земји и територии, да завршуваат една година постдипломски студии на кој било универзитет во Велика Британија. Подетални информации за оваа програма се објавуваат на нивната официјална веб-страница http://www.chevening.org/
 
Меѓу другото, соговорниците истакнаа можностити за соработка меѓу Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Британската амбасада во Скопје, со проекти и активности кои ќе бидат од заеднички интерес.
 

 

17.10.2017 , 15:49 Reads:1615  пати