За нас  /  Општи информации  /  Општи информации

Општи информации

 

Охридскиот Рамковен договор и неговото спроведување е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија за процесот на стабилизацијата, за изградба на доверба во институциите и за приближување кон Европската Унија. Рамковниот договор потпишан на 13.08.2001 година стави крај на внатрешниот конфликт во Република Македонија. Негова основна цел е да го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество, истовремено почитувајќи ги етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани на Република Македонија.

Како резултат на овој Договор произлегоа листа на конкретни уставни промени и правни реформи кои треба да бидат имплементирани од страна на Владата на Република Македонија во полето на децентрализацијата, правичната застапеност, специјални парламентарни процедури за заштита на етничките немнозински заедници, образованието, употреба на јазиците, знамињата, изразувањето на етничкиот и културниот идентитет и мерки за имплементација на истите.

За успешно спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, со Одлука на Владата на Република Македонија, на 05.04.2004, се формира Секторот за Спроведување на Охридскиот Рамковен Договор, кој во меѓувреме со измените и дополнувањата на законот за Влада (,,Службен весник на Република Македонија бр. 115/2007,,) се трансформираше во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор кој започна да функционира од Јануари 2008 година.Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор на Владата на Република Македонија има задача да го спроведе целосно охридскиот рамковен договор и да обезбеди административна и стручна подршка на заменик претседателот на Владата на Република македонија задолжен за спроведување на рамковниот договор.

Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор дава поддршка на Владата во реализација на стратешкиот приоритет поврзан со обврските кои произлегуваат од Рамковниот договор, а особено за обезбедување на правичната застапеност на граѓаните кои припаѓат на сите заедници, во органите на државната власт и другите јавни институции.

Секретаријатот го следи процесот на децентрализацијата на власта и јавната администрација, подготвува методологија за акциони планови на Владата во врска со подготовка на проекти од Рамковниот договор и координација на неговото спроведување и нивно следење. Секретаријатот го промовира обезбедувањето на потребните човечки ресурси за процесот на спроведување на Охридскиот Рамковен Договор и овозможува активна комуникација со јавноста, медиумите и другите целни групи со цел да се зголеми транспарентноста и да се информира јавноста.

За успешна реализација на задачите и обврските кои ги има Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор, во сооработка со врвни експерти од земјата и од странство изготвена е динамична стратегија која се состои од предвидувања и рокови во врска со правичната застапеност на сите заедници во јавните институции. За постигнување на споменатото, постојат конкретни акциони планови и годишни програми кои се усвојуваат од Владата на Република Македонија. Тие имаат сестрана поддршка и од страна на странски институции и организации.

Со задоволство може да истакнеме дека Секретаријатот има солидна соработка со неколку странски владини и невладини организации. Тие се подготвени да подржат проекти за техничка помош, како и за обуки на државните службеници. Секретаријатот во голема мера става акцент на создавањето на позитивна клима во државата, за разбирање и прифаќање на придобивките на Охридскиот Рамковен Договор од страна на сите граѓани на Република Македонија, за афирмација на заедништвото, толеранцијата и безрезервните настојувања за приклучување на Република Македонија во Алијансата на НАТО и во Европската Унија.Во Секретаријатот има капацитет, подготвеност и желба за постојан напредок и за остварување на подобра и посигурна иднина за сите граѓани. Затоа сметаме дека соодветен слоган за Секретаријатот е ˝ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА״.

 

Reads:2756  пати