Информации  /  Огласи  /  Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации

 

28 Sep 2015

13:40

Република Македонија
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
-СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР-


Врз основа на член 49 став (3) од Законот за здруженија и фондации ("Службен весник на Република Македонија", бр.52/2010 и 135/2011) и член 20 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година ("Службен весник на Република Македонија", бр.155/2014), Владата на Република Македонија, Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор распишува:

* * *
ОГЛАС
за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Република Македонија за 2015 година, Раздел 04010 – Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор, Програма 2, Потпрограма 21 – Промоција на меѓуетнички односи, ставка 463 - трансфери до невладини организации, кои се наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации со цел за промовирање на меѓуетничките односи, ќе се врши согласно Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации („Службен весник на Република Македонија“, бр.130/07), Програма за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2015 година со цел промовирање на меѓуетнички односи и Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од буџетот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на Владата на Република Македонија, на предлог на Комисија формирана од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор .


1. Вид на проекти кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во вкупен износ од 10.000.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:

- Проекти наменети за градење доверба меѓу различните етнички заедници;
- Проекти наменети за промоција на успешен соживот кај различните етнички заедници;
- Проекти наменети за унапредување на меѓуетничката соработка во областа на културата, спортот и образованието;
- Проекти наменети за унапредување на меѓуетничката толеранција;
- Проекти наменети за унапредување на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор;
- Проекти наменети за анализа и мониторинг на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор.

2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

Грантовите за проектите ќе се доделуваат, во горенаведените приоритетни области, во различни суми но во висина најмногу до 600.000,00 денари. Средствата ќе се доделуваат еднократно. Доделените средства за реализација на програмските активности ќе можат да се користат најмногу 6 месеци по нивното добивање. По истекувањето на овој рок здруженијата и фондациите е потребно да достават извештај за начинот на користење на средствата до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во рок од 30 дена по завршувањето на своите програмски активности.

 

 

3. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:

1. Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации;
2. Да спроведуваат активности од минимум една година;
3. Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес; и
4. Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

4. Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

1. Пријава за финансиска поддршка (достапна на веб страната на Секретаријатот во електронска форма);
2. Предлог - проект (достапен на веб страната на Секретаријатот во електронска форма);
3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот. Во поднесената пријава, здруженијата и фондациите треба да се определени за една од понудените приоритетни области, во рамки на која ќе го реализираат проектот.

Напомена: Пријавите пишани на рака, со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!
Доставените прилози не се враќаат.

5. Рокот и начин на доставување на пријавите
Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена по денот на објавување на огласот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса

Влада на Република Македонија
Секретаријат за спроведување на Рамковниот договор
Сектор за соработка со здруженија и фондации
ул. “Илинден“ бр. 2
1000 Скопје,


или да се достават во архивата на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор до 16 часот (со назнака - Одделение за соработка со здруженија и фондации– Пријава за оглас )

Пријавата за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите, како и Образецот за проценка на квалитетот на предложениот проект (предлог проект), во електронска форма се достапни на веб-страната на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор: www.siofa.gov.mk.

 

Документи за преземање:

1. Пријава за финансиска поддршка

2. Образец за проценка на квалитет

3. Одлука за критериумите и постапка за распределба

 

28.09.2015 , 13:40 Reads:1541  пати