Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика учествуваше во Свечената академија на УМТ

Вицепремиерот Лика учествуваше во Свечената академија на УМТ

 

27 Oct 2017

15:32

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин. Хазби Лика денес, учествуваше на Свечената академија организирана од Универзитетот Мајка Тереза ​​по повод одбележување годишнина од основањето на овој универзитет.

 
"Воспоставувањето и основањето на институции претставува чекор напред кон иднината, иднината која бара посветеност за да ни служи на добро", рече вицепремиерот Лика во својот говор пред публиката.
 
Тој, исто така, повтори дека Владата на Република Македонија ќе продолжи да дава целосна поддршка за развојот на овој универзитет.
 
"Владата на Република Македонија дава силна поддршка на универзитетот и досега ги има исполнето сите обврски, со цел да се постигнат потребните стандарди и да се овозможи развој на квалитетот на образовниот процес. "
 
Вицепремиерот Лика им честита на студентите и вработените на УМТ за оваа прва годишнина, и им порача да бидат симбол на успехот на образованието на нашата земја.

 

27.10.2017 , 15:32 Reads:401  пати