Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика се сретна со амбасадорот на Италија

Вицепремиерот Лика се сретна со амбасадорот на Италија

 

3 Aug 2017

13:01

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денес во просториите на Владата на Република Македонија оствари средба со амбасадорот на Италија, г-дин. Карло Ромео.

 
Во однос на аспирациите на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор и на нашата земја, во оваа средба посебно се дискутираше за владините реформи и столбови кои произлегуваат од Охридскиот договор. Г-дин. Лика изрази дека позитивна волја што
преовладува во владините коалиции и усогласување на билатералните договори, треба да се користат максимално за да се формира здраво мултикултурно општество и да се зголемува животниот стандард во Република Македонија. Паралелно, тие заклучија дека Охридскиот договор треба да постои сè додека не се комплетира негово спроведување.
 
Во меѓувреме, соговорниците разменија мислења за процесот на усвојување на законот за јазиците. Вицепремиерот Лика истакна дека има поголем фокус на овој закон и она што го содржи ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија, за да се избегнат можните приговори на процесот на усвојување. Законот за јазици е во корист на граѓаните и неговото донесување ќе придонесе за напредокот на општеството, рече г-дин. Лика.
 
На крај, соговорниците изразија подготвеност за несебична поддршка за зајакнување на билатералните пријателските односи меѓу двете држави, со што ќе се забрза темпото на реформите на патот кон членство во евро-атлантските структури.
 
 

 

08.03.2017 , 13:01 Reads:654  пати