Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика се сретна со амбасадорот на САД, г-дин. Бејли

Вицепремиерот Лика се сретна со амбасадорот на САД, г-дин. Бејли

 

26 Jul 2017

13:05

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денес во просториите на Владата на Република Македонија оствари средба со амбасадорот на САД, г. Џес Бејли.

 
На овој состанок, г-дин. Лика и г-дин. Бејли, и посветија посебен акцент на прогресивните реформи кои владата треба да ги преземе во контекст на транспарентноста на државната администрација. Деполитизацијата и транспарентноста, додадоа тие, се од суштинско значење за постигнување на повисоко ниво на ефикасност и професионалност во јавната администрација. Паралелно со ова, вицепремиерот додаде дека Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, во координација со други државни
институции, презеде конкретни чекори за систематизација на државните службеници, што ќе создаде позитивна атмосфера во контекст на социјалната кохезија.
 
Во меѓувреме, вицепремиерот Лика го информираше амбасадорот за процесот на одобрување на законот за јазиците, кој се очекува да помине во владата а потоа да се доставува до Собранието на Република Македонија и до Венецијанската комисија.
 
Донесувањето на овој закон и синергијата помеѓу сите етнички заедници во Македонија ќе ни помогнат да ги усогласиме ставовите во планот за интеграција во ЕУ, со што ќе се олесни справувањето со конкуренцијата во регионот и подигнување на животниот стандард, г. Лика.
 
За крај, соговорниците изразија искрени очекувања за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, која ќе има билатерални бенефиции.
 
 

 

26.07.2017 , 13:05 Reads:905  пати