Информации  /  Новости  /  По повод одбележувањето на 109-годишнината од Битолскиот Конгрес, се одржа Гала Концерт

По повод одбележувањето на 109-годишнината од Битолскиот Конгрес, се одржа Гала Концерт

 

23 Nov 2017

16:00

 На повод 109-та годишнината од Битолскит Конгрес, под покровителство на вицепремиерот на Република Македонија, г-дин. Хазби Лика, се одржа Гала Концерт под звуците на Филхармонијата на Универзитетот за уметности - Тирана.

 
Учесници на овој свечен настан, во чест на Денот на албанската азбука, беа и премиерот на Република Македонија, г-дин. Зоран Заев, Министерот за образование, наука и технологија на Република Косово, г-дин. Шикири Битиќи, претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, Министерот за култура на Република Македонија, градоначалникот на Битола, градоначалникот на општина Тетово, и многу други личности.
 
Во своето обраќање до присутните, г-дин. Лика рече дека, овој ден во себе вклучува жртвата и мудроста на многу генерации пред и по ноември 1908 година, и токму овој датум го отвори поглавјето за развојот на нашиот прекрасен јазик, литература и култура.
 
"Визионерската улога на Битолскиот конгрес и неговите делегати доаѓа особено во израз, земајќи ги во предвид историските околности
1908 година беше годината кога паѓаше големата империја, додека привремената визија за слобода и еднаквост предизвикана од Младотурската револуцијата почна брзо да исчезнува - без разлика дали од внатрешниот политички хаос или од соништата на
големите империи кои беа политички неодговорни.
Токму во овие времиња, полни со предизвици и опасности, во пресрет на иницијативата за востание, која донесе до независноста на Албанија, азбуката стана моќен инструмент за национална свест за обединување на прогресивните сили насочени кон слободата и
независноста. Азбуката служеше како столб на гравитација, кон која почнаа да гравитираат сите луѓе за доброто на албанската нација. ", рече г. Лика.
 
Понатаму тој рече дека:
 
“Македонија има чест да има еден од најважните настани од нашата историја, каде што можеме да негуваме и промовираме пример на соработка, толеранција и почит. Денес сме подобри затоа што имаме доволно држави, институции, капацитети и можности, а особено демократија во развој која нè тера да работиме потесно за нашите заеднички интереси.
Нашите цели можеме да ги постигнеме само преку зголемување на соработката и препознавањето на меѓусебните културни и јазични вредности, како богатство која ќе служи за натамошното продлабочување на меѓусебната доверба. Можам да кажам дека Владата на Република Македонија, врз основа на сето она што беше кажано погоре, е решена да работи за иднината, каде што сите ќе се чувствуваат еднакви, и постапувала конкретно при одлучувањето да му го предложи на Парламентот на Република Македонија предлог-законот за употреба на јазиците, закон кој во моментот е во собраниска процедура и верувам дека и пратениците наскоро ќе го одобрат. Верувам дека овој пристап ќе продолжи да владее уште, почитувајќи ги правата на сите граѓани и ветувајќи за побезбедна иднина.“
 
 

 

23.11.2017 , 16:00 Reads:411  пати