Информации  /  Новости  /  Вицепремиерот Лика се сретна со амбасадорот на Германија, г. Томас Герберих

Вицепремиерот Лика се сретна со амбасадорот на Германија, г. Томас Герберих

 

15 Sep 2017

16:05

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор и политички систем, г. Хазби Лика, денес (петок, 15/09/2017) се сретна со новоименуваниот амбасадор на Сојузна Република Германија во

нашата земја, г. Томас Герберих
 
Во оваа прва средба, германскиот амбасадор г-дин Герберих му честиташе на вицепремиерот Лика за амбициозните задачи на реформите што ги презел за да го охрабри дека нивната имплементација ќе создаде поволна атмосфера на живот за сите жители на земјата, така Македонија ќе биде еден чекор понапред до европската перспектива.
Двајцата соговорници, меѓу другото, го изразија своето мислење за прашањето за донесувањето на законот за употреба на јазиците, моќен закон кој ќе ги претставува помалите заедници во државата, а во исто време ќе се користи како фактор за промовирање на придобивките кои произлегуваат од соживотот меѓу заедниците.
 
Вицепремиерот Лика му честита на г-дин. Герберих за неговото назначување за амбасадор во нашата земја и исто така изрази подготвеност за продолжување на добрата соработка помеѓу Амбасадата на Германија и Секретаријатот за спровадување на Охридскиот договор. Исто така, г-дин Лика истакна дека поддршката на Германија, како и голем број на жители кои живеат и работат во Германија, се мост кој овозможува зголемен интензитет на билатералната соработка меѓу двете земји. "Основниот и сегашниот предизвик е да се спречи раселувањето на населението на Р. Македонија, проблем кој треба да бидеме максимално посветени и да им овозможиме на жителите подобар животен стандард ", додаде г-дин. Лика.
Конечно, г-дин. Герберих рече дека неговата земја ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон евро-атлантските интеграции.
 

 

15.09.2017 , 16:05 Reads:611  пати